Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека голем број војници биле полесно повредени откако Хамас ги нападнал во северниот дел на Појасот Газа. Хамас ги обвинува ИДФ дека први го прекршиле примирјето.

Според израелската армија, три експлозивни направи биле активирани во близина на силите на две одделни локации во северниот дел на Појасот Газа, што е „прекршување на договорот за прекин на огнот“, пишува Times of Israel.

Од армијата велат дека во еден од инцидентите било пукано и врз војници, кои возвратиле.

„Во двата случаи, силите на ИДФ беа во договорените линии за прекин на огнот“, се додава.

Портпаролот на военото крило на Хамас изјави дека нивните борци одговориле на „јасното прекршување“ на примирјето од страна на ИДФ во северниот дел на Појасот Газа, што резултирало со судир, јавуваат израелските медиуми, пренесува „Спутник“.

Слични содржини