Израел и Хамас на чекор од прекин на огнот

од Nikola Popovski
15 прегледи

Израелските власти тврдат дека договорот за прекин на огнот во Газа е блиску. Наредните денови ќе бидат клучни за ставање крај на војната која трае повеќе од 15 месеци и го дестабилизира целиот Блиски Исток. Се очекува Хамас да ослободи 33 заложници за време на првата фаза која би траела 42 дена.

-Во војната меѓу Израел и Хамас, ние сме на работ на предлог што детално го изложив пред неколку месеци и кој е на чекор од остварување. Низ годините поминати во јавна служба научив никогаш да не се откажувам. Палестинскиот народ заслужува мир и право да ја одредуваат сопствената иднина. Израел заслужува мир и вистинска безбедност. И заложниците и нивните семејства заслужуваат повторно да се обединат. И затоа работиме итно да го затвориме овој договор, изјави претседателот на САД, Џо Бајден.

На терен и натаму жестоки борби. Расте црниот биланс.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им се закани на палестинските милитанти во Појасот Газа со огромни последици доколку израелските заложници што ги држат повеќе од една година не бидат ослободени до моментот кога тој ќе ја преземе функцијата.

Тој порача дека ќе биде платена „ужасна цена“ на Блискиот Исток доколку заложниците не бидат ослободени пред неговата инаугурација на 20 јануари 2025 година.

„Оние кои се одговорни ќе бидат погодени посилно од кој било…“ објави Трамп на веб-страницата Трут соушал и ја додаде пораката „Ослободете ги заложниците сега“, напишана со големи букви.

Слични содржини