Израел и САД ја критикуваа одлуката на Франција да ја признае Палестина

Макрон намерите на Париз ги објави на социјалните мрежи, споделувајќи го писмото до палестинскиот претседател Махмуд Абас во кој ја потврдува таквата намера.

од desk2
16 прегледи

Откако претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера објави дека Франција официјално ќе ја признае Палестина на Генералното собрание на ОН во септември, остри критики стигнаа од Израел и од САД, јавуваат светските новински агенции.

Макрон намерите на Париз ги објави на социјалните мрежи, споделувајќи го писмото до палестинскиот претседател Махмуд Абас во кој ја потврдува таквата намера. Макрон изрази надеж дека ваквиот чекор на Франција ќе доведе до мир на Блискиот Исток.

„Итен приоритет денес е да се стави крај на војната во Газа и да се предизвика олеснување на цивилното население. Мирот е можен“, напиша, меѓу другото, францускиот претседател.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ваквото решение го „влошува теророт“ и претставува егзистенцијална закана“, создавајќи „трамболина за уништување“ на Израел.

Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар рече дека „палестинската држава ќе биде држава на Хамас“.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, го нарече планот на Макрон да ја признае палестинската држава како „неразумно решение“.

Во меѓувреме, САД ги прекинаа преговорите за примирје во Газа и ја повлекоа својата делегација од Доха, Катар, поради „отсуството на желба за напредок од страна на Хамас“.

Слични содржини