Израел и САД соопштија дека успешно тестирале противракетен систем на Алјаска кој заедно го развивале.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху рече на седницата на владата сека системот „Ероу3“ на неговата земја ѝ дава способност да делува против балистички ракети испалени врз нив од Иран и од секоја друга локација.
Агенцијата на САД за ракетна одбрана соопшти дека пресретнување на ракети надвор од атмосферата е главна пресвртница во развојот на системот „Ероу3“.
Тој систем заедно со Железната купола, Давидовата прачка и системот Ероу 2 е дел од повеќеслојниот штит кој Израел го развива за да се брани од ракети испалени од појасот Газа и Либан како и од иранските долгометни ракети.