Израелската војска изврши нови воздушни удари во јужната сириска провинција Сувајда и истоимениот град со претежно друско население ноќеска, јави новинската агенција САНА.
Вчера сириските владини воени сили ја напуштија провинцијата, а одржувањето на редот во Сувајда беше предаден на комитет составен од владини службеници и духовни водачи на Друзите.
Истовремено, САД одрече поврзаност со израелската борбена операција и ги осуди нападите. Сирискиот претседател Ахмед ал Шараа го обвини Израел за уништување на неговата земја.
Во средата Израел почна да нанесува големи воздушни удари во Сирија, иако тоа се правеше и претходно спорадично, велејќи дека сака да ги заштити сириските Друзи – мало, но влијателно малцинство на југот на Сирија и северот на Израел. Друзи има и во Либан.