Израел изврши воздушни напади врз појасот Газа

од Берта Китинска

Израел изведе воздушни напади врз појасот Газа доцна во четвртокот, втор пат откако беше воспоставен прекин на огнот по единаесетдневната војна во мај.

Нема извештаи за можни жртви во нападите, а израелските воздухопловни сили ги продолжија своите напади рано утрово, насочени кон објектите на Хамас.Извештајот на воените власти додава дека никој не е убиен или ранет.

Армијата соопшти дека борбениот авион доцна синоќа погодил „воени објекти и место од каде се истрелуваат ракетите“ како одговор на балони со запалив материјал.

Покрај тоа, беше предупредено дека израелските сили се подготвуваат за „различни сценарија, вклучително и продолжување на борбените дејствија“.

По воздушниот напад, во населените места во близина на појасот Газа се огласија ракетни сирени. Подоцна армијата рече дека тоа не е последица на ракетирањето.

Снимките од надзорните камери до кои дојде АП покажаа дека автоматско оружје било пукано во воздух, што се смета за можен обид на палестинските екстремисти да соборат израелски авион.

Слични содржини