– Нема теоретски шанси израелската влада или Министерството за одбрана на Израел да донира пари на пријателска влада преку приватна компанија, освен ако не постои нешто невидено необично во овој случај, во што длабоко се сомневам – вели за Нова Израелскиот новинар Јоси Малман, добитник на многу интернационални престижни награди.
Тој појаснува дека израелската помош за странски држави вообичаено се состои од донации во храна, медицинска опрема и друга хуманитарна помош или, пак, во испраќање експерти, а Македонија не влегува во оваа категорија. Од друга страна, Министерството за одбрана на Израел може да донира опрема на друга држава доколку тоа им служи на израелските безбедносни интереси, но уште еднаш ќе повторам ,тоа вообичаено би било донација од владата на владата и многу веројатно дека не би било во кеш и не преку сметка на приватна компанија, вели Мелман.
Израел според он-лајн телевизијата е во незавидна положба и дека мака мачат како да состават одговор за јавноста со кој не би се конфронтирале со Македонија, но и не би лажеле.
– Личи на невозможна мисија – рекол за Нова, искусниот новинар Малман. Во телевизијата се уште чекаат одговор од амбасадорот на Израел во земјава кој им ветил штом добие инструкции од Тел Авив, но до сега одговор нема.
