Израел најави вооружување на цивилните безбедносни тимови: „Ќе го свртиме светот наопаку“

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, објави дека неговото министерство купува 10.000 пушки за вооружување на „цивилните безбедносни тимови“ ширум Израел и окупираниот Западен Брег, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во извештајот се наведува дека пушките, од кои 4.000 веќе се купени, ќе одат во израелските градови во близина на границите, но и во мешаните еврејско-арапски градови во внатрешноста на Израел и населбите на Западниот Брег.

Тој навел дека оружјето и опремата ќе бидат дистрибуирани до „стотици градови кои имаат цивилни безбедносни тимови поврзани со граничните полициски сили на израелската полиција“.

Цивилните безбедносни тимови обезбедуваат безбедност на малите градови и заедници.

„Ќе го свртиме светот наопаку за градовите да бидат заштитени“, рече Бен-Гвир, цитиран од агенциите. „Дадов инструкции за масовно вооружување на цивилниот безбедносен тим“, додаде тој.

Слични содржини