Израел: Најмалку пет мртви откако камион влета во автобуска станица

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Најмалку пет лица загинаа, а уште 37 се повредени откако камион удри во автобуска станица во предградието Глилот во Тел Авив, Израел.

Меѓу повредените, најмалку десет се во критична состојба.

Камион удри во автобуска станица во градот Рамат Ха Шарон, при што беа повредени десетици луѓе.

На местото на настанот се испратени десетици возила на итната помош, а соопштено е дека под камионот останале заробени некои луѓе.

Од полицијата велат дека се уште се истражуваат околностите на несреќата.

Израелските телевизиски канали покажаа дека полицијата ја опколи областа додека персоналот за итна помош ги лекуваше повредените.

Слични содржини