Израел нема да ja спречи испораката на хуманитарна помош од Египет во Појасот Газа

од Radmila Tasevska

Израел нема да ја спречи испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа од Египет, се додека тоа е само храна, вода и лекови за цивилното население и се додека помошта не заврши во рацете на Хамас, соопшти денеска кабинетот на израелскиот премиер.

Освен тоа, израелскиот воен кабинет соопшти дека нема да дозволи испорака на хуманитарна помош од негова територија во Појасот Газа додека не се вратат затворениците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас.

Израелската Влада го покани Црвениот крст да ги посети киднапираните Израелци. Во соопштението се нагласува дека одлуките се донесени по барање на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Слични содржини