Израел: Палестина за една недела истрела 3.150 ракети

од Stefanija Kuzmanovska

Во изминатата недела палестинските екстремисти истрелаа 3.150 ракети, од кои 460 паднаа во енклавите, а околу 90 проценти од нив беа пресретнати, соопшти денеска прес-службата на израелската армија.

Од неделата вечер до утрово беа регистрирани 60 лансирани ракети од појасот Газа кон Израел, од кои околу 10 ракети паднаа во појасот Газа, се наведува во соопштението.

Како одговор, 54 израелски борбени авиони денеска погодија 35 воени објекти и 15 километри тунели во северниот дел на појасот Газа, како дел од големата кампања за уништување на подземната инфраструктура на Хамас.

Размената на ракетни удари меѓу Израел и палестинските радикали од Појасот Газа започна на 10 мај по избувнувањето на насилството во близина на џамијата Ал-Акса во стариот град Ерусалим.

Според последните податоци, најмалку десет Израелци биле убиени, сто биле ранети, додека палестинската страна известува со повеќе од 200 мртви и скоро 6.000 ранети од почетокот на ескалацијата на конфликтот со Израел.

Слични содржини