242
Израелските одбранбени сили (ИДФ) прогласија денеска четиричасовен хуманитарен прекин на огнот во централниот дел на Појасот Газа, со цел да се даде пауза на локалното население од борбите и да се обезбеди хуманитарен одмор, соопшти Канцеларијата за координација на владините активности во објави Палестинските територии (COGAT).
„ИДФ спроведува тактички хуманитарни паузи за да им овозможи на цивилите во Појасот Газа да ги надополнат резервите со храна и вода. Денеска, 25 декември, беше прогласена пауза во А-шеикот Мухамед ал-Јамани Вест и Деир ал-Балах помеѓу 10:00 часот наутро до 14:00 часот по локално време“, се вели во соопштението на ИДФ на платформата Х (Твитер), пренесува ТАСС.