Висок израелски функционер информирал дека водоснабдувањето на Појасот Газа е обновено откако беше прекинато по терористичкиот напад на Хамас минатата сабота.
Одлуката ја соопшти американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, кој за Си-Ен-Ен изјавил дека неговите израелски колеги го информирале за потегот пред околу еден час.
Газа веќе се соочува со хуманитарна криза поради зголемениот недостиг на вода, храна и медицински материјали како резултат на израелската блокада, што предизвика и затворање на единствената електрана поради недостиг на гориво.
Саливан смета дека постои можност за нов борбен фронт на израелско-либанската граница.
– Не можеме да исклучиме дека Иран некако би решил директно да се вклучи. Мора да се подготвиме за сите можни непредвидени ситуации, изјавил Саливан.
Иран е долгогодишен поддржувач на терористичките групи Хамас и Хезболах во Либан, обезбедувајќи им средства и оружје.
– Ова е ризик за кој бевме свесни од самиот почеток, кажал Саливан за можноста Иран да се вклучи во војната.
Египет го осуди нападот врз цивилите во Газа
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси му порача на американскиот државен секретар Антонио Блинкен дека одговорот на Израел на нападот на Хамас отиде подалеку од самоодбрана и претставува колективна казна.
По состанокот со Блинкен во Каиро во неделата, Сиси, исто така, рекол дека отфрла гранатирање и убивање на кој било цивил во тековниот конфликт.