Израел тврди дека го убиле командантот на иранската милиција која се борел заедно со Хезболах

од Nikola Popovski
102 прегледи

Израелската армија (ИДФ) објави дека го убила командантот на дивизијата Имам Хосеин, иранска милиција која се бори заедно со Хезболах.

ИД објави дека командантот на таа милиција, Дау Алфакер Хинави е убиен во истиот напад во кој загина и командантот на единицата 4400 на Хезболах во Бејрут.

Силите на Имам Хосеин извршиле бројни ракетни и беспилотни напади врз Израел во средината на војната, од Ирак, Сирија и Либан. Дивизијата стоела зад дронот што се урна во училиште во Еилат во ноември 2023 година, предизвикувајќи голема штета, пишува „Тајмс оф Израел“.

Слични содржини