Израел во текот на ноќта гаѓаше повеќе од 200 цели на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта погодила повеќе од 200 цели на Хамас и палестинскиот Исламски џихад во Појасот Газа.

Локациите, според војската, го вклучуваат штабот каде што се убиени голем број членови на Хамас и банка која ја користела милитантната организација, пишува „Тајмс оф Израел“.

Армијата објави и дека напади извршиле и бродови на морнарицата, чии цели биле, меѓу другото, командните центри на Хамас и магацините за оружје во градот Газа, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини