Израелските власти се во тајни преговори со африканската нација Конго и неколку други за прифаќање на Палестинците од Појасот Газа кои Израел би ги депортирал. Израел го нарекува овој план „доброволно“ и „хуманитарно преселување“.
„Конго ќе биде подготвен да прими мигранти, а ние сме во разговори и со други“, изјавил висок извор од службата за безбедност на Израел, Шалом Јерушалми, според „Тајмс оф Израел“.
Јерушалми ја цитираше министерката за разузнавање Гила Гамлиел, која изјави вчера во Кнесетот дека на крајот на војната, владата на Хамас ќе пропадне.
„Нема општински власти, цивилното население ќе биде целосно зависно од хуманитарна помош. Нема да има работа, а 60 отсто од земјоделското земјиште во Газа ќе стане безбедносна тампон зона“, рече таа.
Таа претходно повика на депортација на Палестинците од „хуманитарни причини“ во авторска колумна за „Ерусалим пост“.
„Проблемот на Газа не е само наш проблем. Светот треба да ја поддржи хуманитарната емиграција, бидејќи тоа е единственото решение што го знам“, рече Гамлиел.
Вчера Вашингтон ги осуди министрите на крајната десница Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир за залагање за преселување на Палестинците надвор од Газа.
„Оваа реторика е запалива и неодговорна“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.