Израел жестоко го бомбардираше центарот на Бејрут – најмалку 11 мртви!

од Nikola Popovski
16 прегледи

По два дена мирување, израелските сили повторно со ракети го бомбардираа самиот центар на Бејрут, поточно областа Бачура, пишува Би-Би-Си.

Иако последните израелски напади беа ограничени само на јужните предградија, ова е третпат други области да бидат цел на напади.

Локалните медиуми велат дека очигледна цел бил Вафик Сафа, зетот на Хасан Насрала и еден од највисоките безбедносни функционери на Хезболах.

Канцеларијата за медиуми на групата сè уште нема коментар.

По последните напади, пет болници беа ставени на подготвеност за да ги примат жртвите од експлозиите.

Според првите информации загинале 11 лица, а 48 се повредени.

Лекарите соопштиле дека 14 од 48-те лица ранети во израелскиот напад во центарот на Бејрут веќе се пренесени во американска универзитетска болница.

Слични содржини