ИЗРАЕЛЦИТЕ ВЛЕГОА ВО ГРАДОТ ГАЗА, во тек борби лице в лице

од Stefanija Kuzmanovska
1,2K прегледи

Израелските војници влегле во градот Газа, откако завршиле со опкружувањето на урбаното подрачје во кое се наоѓа палестинската милитантна група Хамас, јавува денеска американскиот портал „The Hill“.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјавил дека, по опкружувањето на Газа, воени бродови и авиони сега им помагаат на пешадијата и оклопните возила да ги нападнат командните и контролните центри, како и позициите за лансирање ракети и друга инфраструктура на Хамас.

Хагари рече дека инженерските единици исто така работат на „уништување и неутрализирање“ експлозиви и други опасни направи за да им овозможат на војниците безбедно да влезат во областа.

„Нашите сили убиваат терористи, така да се каже, за време на борби лице в лице, на секое место каде што е потребно, на најтешките локации, а израелските војници го предводат патот“, додаде Хагари на прес-конференцијата.

Борби лице в лице

Началникот на Генералштабот Херзи Халеви во четвртокот изјави дека израелските сили спроведуваат операции во срцето на градот Газа и дека се борат „лице в лице“.

„Дел од нашите сили се борат во урбани средини, за ова е потребен исклучителен професионализам и многу сила“, рече Халеви.

Походот на градот Газа дојде неколку часа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху позираше со војниците и рече дека израелските војници се на периферијата на градот Газа и дека се подготвени да „напредат и да победат“.

„Ништо нема да нè спречи“, наведе Нетанјаху на социјалната платформа X.

Влегувањето на Израел во градот Газа дојде помалку од една недела откако Нетанјаху најави „втора фаза“ од војната и проширување на копнените операции во Газа.

Според ИДФ, загинале најмалку 18 израелски војници.

Слични содржини