648
Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека во текот на изминатиот ден извршила напади врз околу 400 цели на Хамас во Појасот Газа и убила неколку теренски команданти и други терористички оперативци.
Според ИДФ, неодамнешните напади се фокусирани на центрите на Хамас ширум Појасот Газа, вклучително и неколку во џамиите, како и на терористичките оперативци кои подготвуваат ракетни напади врз Израел.
ИДФ соопшти дека во текот на ноќта бил извршен напад на влезот во тунелот на Хамас на брегот на Газа и командните центри, пренесува „Тајмс оф Израел“.