Израелската армија им порача на жителите на Газа да се преселат на југот на Појасот во следните 24 часа

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

На седмиот ден од најголемите непријателства меѓу Израел и палестинскиот Хамас во последните децении, израелската армија им порача на жителите на северниот дел на Појасот Газа да се преселат на југ во следните 24 часа, соопштија Обединетите нации.

Тоа значи дека целото население на градот Газа и неговата околина, што е околу 1,1 милион луѓе, мора да ги напушти своите домови, велат од ОН.

ОН истакнуваат дека наредбата ќе има „разорни хуманитарни последици“ и го повикаа Израел да ја отповика.

Предупредувањето на Израел уследи по ненадејниот напад на Хамас минатата сабота во јужен Израел во кој загинаа најмалку 1.200 луѓе, а како одговор, израелската армија почна безмилосно да истрелува ракети во Појасот Газа, при што загинаа најмалку 1.300 луѓе.

Пораката на Израел се толкува како подготовка за копнена офанзива на Појасот Газа по неколкудневни воздушни напади, и покрај заканите на Хамас дека ќе ги убие сите Израелци што ќе ги киднапира ако дојде до ненадеен напад.

Том Бејтман, дописник на Би-Би-Си за Блискиот Исток, вели дека е невозможно толку многу луѓе да се преселат за 24 часа.

Слични содржини