172
Како што јави Си-Ен-Ен, повеќе не се водат борби меѓу војниците на израелските одбранбени сили (ИДФ) и Хамас во Израел, а ИДФ ја врати контролата врз сите заедници околу Појасот Газа, изјави за новинарите во утрово портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари.
Соопштението доаѓа повеќе од 48 часа откако Хамас започна ненадеен напад со илјадници ракети и испрати борци преку границата во упад каков што Израел не видел од неговата војна за независност во 1948 година.