Израелската армија: Односот на двајца убиени цивили на секој милитант на Хамас е добар

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Според портпаролот на израелските одбранбени сили, Џонатан Конрикус, односот на двајца палестински цивили убиени во Газа за секој милитант на Хамас е „исклучително добар“ со оглед на тоа што борбите се водат во урбаните области.

Изјавата уследи по тврдењата на медиумите во понеделникот, цитирајќи високи израелски воени претставници, дека во Газа се убиени двајца цивили за секој милитант на Хамас, пренесе Си-Ен-Ен.

Портпаролот на армијата, потполковник Конрикус, во понеделникот изјави за американската телевизија дека може да го потврди медиумскиот извештај.

„И можам да кажам дека ако тоа е вистина, а мислам дека нашите бројки ќе го потврдат тоа – ако го споредите тој однос со кој било друг конфликт на урбан терен меѓу војската и терористичката организација која користи цивили како свој жив штит и е имплементирана меѓу цивилното население ќе видите дека овој однос е многу голем, исклучително позитивен и можеби единствен во светот“, нагласи Конрикус.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави за новинарите на прес-конференција во саботата дека војската убила „илјадници терористи“.

Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, во понеделникот соопшти дека од 7 октомври во израелските напади се убиени 15.899 Палестинци, без да прецизира колку цивили и борци се убиени.

Слични содржини