Израелската армија: Продолжуваат борбите во Кан Јунис, убиени десетици борци на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska
320 прегледи

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека борбите продолжиле во Кан Јунис, каде припадниците на копнените сили убиле десетици борци на Хамас, пренесува The Times of Israel.

Во текот на ноќта, израелски воени авиони погодија неколку локации на Хамас во областа Кан Јунис, вклучувајќи станови што ги користат оперативците, складишта за оружје, набљудувачки пунктови и полигони за обука, соопшти армијата.

Во северниот дел на Појасот Газа, армијата извршила неколку напади врз локации на Хамас.

ИДФ соопшти дека морнарицата извршила напади и долж брегот на Газа во текот на ноќта, како поддршка на војниците на теренот.

Слични содржини