Израелската армија се закани по акцијата на иранските командоси: „Ако насилството ескалира, последиците ќе ги сноси Иран“

од Vladimir Zorba
419 прегледи

Иран ќе ги сноси последиците доколку ескалира насилството во регионот, изјави денеска портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

„Иран ќе ги сноси последиците бидејќи одлучи дополнително да ја ескалира ситуацијата“, рече Хагари во изјавата, пренесе Ројтерс.

Според него, Израел е во состојба на готовност.

„Ја зголемивме нашата подготвеност да го заштитиме Израел од понатамошна иранска агресија. Исто така, ние сме подготвени да одговориме“, посочи тој.

Соопштението уследи по запленувањето на товарен брод во близина на Ормутскиот Теснец.

Припадниците на специјалните сили на Иранската револуционерна гарда заплениле товарен брод во близина на Ормутскиот теснец, откако слетале на него од хеликоптер, потврдија претходно денеска иранските државни медиуми.

Агенцијата ИРНА наведе дека бродот „MSC Aries“ е „поврзан со Израел“ и дека специјалните сили го водат кон иранските територијални води.

Слични содржини