Израелската армија со експлозив ги разнела подрумите на неколку згради на болницата Ал-Шифа

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Израелската армија со експлозив ги разнесе подрумите на неколку згради во болничкиот комплекс Ал-Шифа, откако израелските сили упаднаа во комплексот утрово, јавува „Анадолија“.

„Израелската армија е единствената страна која пука во болницата Ал-Шифа и нејзината околина“, изјавил извор од оваа здравствена установа.

Според него, израелската армија држи десетици раселени лица и медицински персонал во дворот на болницата и ги испрашува.

Според извештаите, „израелската армија врши опсежни претреси во зградите во кои упадна“.

„Снајперисти на израелската армија зазедоа позиции на покривите на неколку високи згради во болницата“, рече истиот извор.

Според владината канцеларија за медиуми во Газа, во медицинскиот комплекс има приближно 1.500 медицински работници, 700 пациенти, 39 предвремено родени бебиња и 7.000 раселени лица.

Израелскиот напад врз Појасот Газа влезе во својот 40-ти ден, загинаа најмалку 11.320 Палестинци, меѓу кои повеќе од 7.800 жени и деца, додека повеќе од 29.200 се повредени.

Од минатиот месец, илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во немилосрдните израелски воздушни и копнени напади врз опколената енклава.

Слични содржини