Израелската армија тврди дека го убила командантот на Хамас одговорен за напади на кибуци

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Израелската војска соопшти дека го убила командантот на Хамас Нисам Абу Аџина во воздушен напад синоќа во северниот дел на Појасот Газа.

Абу Аџина, тврди војската, бил одговорен за командување со екстремистите на Хамас кои извршија смртоносни напади на два кибуци во јужен Израел на 7 октомври.

Тој претходно командувал со воздухопловните сили и работел на развој на беспилотни летала и параглајдери користени за време на тие невидени ненадејни напади.

Тој бил убиен во воздушен напад по дојава на израелската безбедносна служба Шин Бет и одделот за воено разузнавање, јавуваат израелските медиуми.

„Неговата елиминација претставува значаен удар врз напорите на терористичката организација Хамас да ги попречи копнените операции на ИДФ (Израелските одбранбени сили) во Појасот Газа“, соопшти армијата.

Слични содржини