Израелската армија: Убиени десетици терористи, завршено опколувањето на Кан Јунис

од Stefanija Kuzmanovska
378 прегледи

Израелската армија (ИДФ) објави дека убила „десетици терористи“ за време на жестоките борби во Појасот Газа во изминатите 24 часа, а нејзините војници во текот на ноќта го завршиле опколувањето на градот Кан Јунис.

„Трупите на ИДФ изведоа обемна операција во текот на која го опколија Кан Јунис и ја проширија операцијата во областа“, се вели во соопштението, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Израелски тенкови вчера стигнаа до западните области на Кан Јунис, во близина на брегот на Средоземното Море, како дел од офанзивата што израелските одбранбени сили ја проширија минатата недела кон јужниот град во Појасот Газа, за кој тврдат дека е седиште на милитантите на Хамас.

Слични содржини