Израелската армија: Во Газа загинаа вкупно 46 војници, убиена киднапирана млада жена

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Израелската армија во вторникот објави дека во борбите во Газа загинале уште двајца војници, со што вкупниот број од почетокот на војната со Хамас се искачи на 46, како и дека е убиена една млада жена војник киднапирана од Хамас.

На 7 октомври Хамас уби околу 1.200 луѓе, главно цивили, во крвавиот напад врз Израел, според израелските власти.

Од тогаш, Израел континуирано ја напаѓа Газа од воздух, море и копно. Хамас тврди дека биле убиени повеќе од 11.000 луѓе.

На 27 октомври израелски тенкови влегоа во Газа со цел да го „уништат“ исламистичкото движење.

Израелската армија ја објави и смртта на Ноа Марчиано, 19-годишна жена војник држена како заложник од Хамас во Газа.

Пред тоа Хамас ја покажа нејзината фотографија и изјави дека е „убиена во израелско бомбардирање“.

Слични содржини