Израелската армија во состојба на висока готовност додека се очекува говорот на лидерот на Хезболах

од Stefanija Kuzmanovska
289 прегледи

Израелската армија на северот на земјата е ставена во состојба на висока готовност пред говорот на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека израелската армија е подготвена.

„Ќе бидеме подготвени да одговориме на кој било фронт доколку е потребно. На север сме подготвени и ќе продолжиме да одговараме на секој напад, денес и во наредните денови“, рече Хагари.

Во готовност се и борбените авиони Адир (F35-I).

„Иран ги охрабрува своите сојузници против Израел, ние ќе одговориме на кој било фронт на какви било закани. Постои висока готовност, исто така и на север“, посочи Хагари.

Хасан Насрала, лидерот на Хезболах, денеска треба да им се обрати на своите следбеници, што ќе биде негов прв јавен коментар по избивањето на војната меѓу Израел и Хамас.

Говорот најверојатно ќе укаже на следните потези на групата, бидејќи нејзините борци и израелската армија се вклучени во интензивни напади на либанско-израелската граница.

Слични содржини