Израелската офанзива требаше да започне викендов, армијата соопшти зошто е одложена

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Повеќе од 600.000 жители на северниот дел на Појасот Газа избегаа на југ откако израелската војска ги повика да го сторат тоа пред копнената офанзива, изјави портпаролот на израелската војска, додека друг портпарол повика на притисок врз Египет да ги отвори границите за бегалците. Даниел Хагари повтори дека израелските сили во одмаздничките бомбардирања на Газа, во кои загинаа најмалку 2.600 луѓе, се насочени кон Хамас и се обидуваат да избегнат повредување на цивилите.

Израелската армија го потврди киднапирањето на 155 израелски заложници. Нивните најблиски се известени, рече Хагари, ветувајќи дека војската „ќе стори се“ за да ги врати дома.

Портпаролот на израелската армија Арје Шаруз Шаличар изјави дека лошите временски услови не се причина за одложување на копнената офанзива против исламистичката организација Хамас во Појасот Газа. „Не, апсолутно не“, изјави Шаличар за германската јавна телевизија АРД во неделата навечер. Тој посочи дека една од главните причини за одложувањето е да се дозволи повеќе палестински цивили да стигнат до јужниот дел на Појасот Газа за да не бидат изложени на ризик за време на копнената офанзива на северот на крајбрежниот појас.

Околу 1,1 милион луѓе живеат во северниот дел на Појасот Газа.

Според непотврдени извештаи на медиумите, копнената офанзива била планирана за овој викенд, а „Њујорк Тајмс“ во саботата објави дека доцнела поради облачното небо и слабата видливост за пилотите и беспилотните летала. Шаличар повика на поголем притисок врз Египет да ги прифати бегалците на границата со Газа.

„Не сакаме да страдаат невини луѓе – особено не жени, деца или постари лица. Ние сакаме да го уништиме Хамас, да ги казниме за она што го направија минатата сабота. Елиминирањето на терористичката група Хамас одговорна за саботните напади е голема цел, тешка цел“, нагласи Шаличар.

Слични содржини