Израелската полиција нападна верници во џамијата Ал-Акса, повредени 53 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 53 Палестинци се повредени во напад на израелската полиција во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен ал-Кудс (Источен Ерусалим), јавува Anadolu Agency (AA).

Израелската полиција продолжува со нападите врз верниците кои вечерва беа во Ал-Акса, што е трето најважно светилиште за муслиманите. Нападот бил извршен за време на муслиманска молитва.

Додека израелската полиција интервенираше со зачудувачки бомби и гумени куршуми, Палестинците одговорија со камења и стаклени шишиња.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 53 Палестинци биле повредени во интервенцијата на израелската полиција во настаните во и околу Ал-Акса.

Додека продолжува интервенцијата на израелската полиција, од друга страна е во тек теравих-намаз, заедничка вечерна молитва на муслиманите за време на Рамазан, месецот на постот.

Директорот на комплексот џамија Ал- Акса, Омар Кисван, ја повика израелската полиција да го напушти комплексот.

За муслиманите, Ал-Акса е третото најважно светилиште, а Евреите веруваат дека некогаш имало два еврејски храма на тоа место.

Слични содржини