Германија размислува за директно вклучување во израелско-американските воени операции против Иран, тврди израелско воено радио.
Повикувајќи се на извори во германското Министерство за надворешни работи, се тврди дека оваа земја ќе се вклучи „доколку Иран не ги запре нападите врз земјите во регионот“.
Германската влада, предводена од канцеларот Фридрих Мерц, моментално размислува дали да ја зголеми својата поддршка за американските напади, или дури и да се вклучи директно со бомбардирање на позиции во Иран.
Досега, само САД и Израел извршија напади во Иран, но за ова добија поддршка од земји како Франција и Велика Британија, кои дозволија користење на нивните воени бази во регионот.
Сепак, директното вклучување на една од овие земји, особено ако Германија одлучи да бомбардира иранска територија, би било значително отстапување од претходните позиции на државите од ЕУ кон оваа земја.
Потсетуваме, во сабота наутро, САД и Израел започнаа напади врз Иран, а земјата одговори со ракетни напади врз американските бази во регионот, како и врз израелски воени позиции.
Стотици луѓе беа убиени низ целиот регион, претежно цивили, а во нападите беше убиен и иранскиот лидер, ајатолахот Хамнеи.