Истражувачите во Израел пронајдоа врска помеѓу пелтечењето и ризикот од дијабетес тип 2. Во резултатите од студијата објавена во Diabetes/Metabolism Research and Reviews, тие открија дека тинејџерите на кои им е дијагностициран пелтечење имаат зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2 во зрелоста.
Забележано е дека кај тинејџерките кои пелтечат, ризикот од развој на дијабетес тип 2 е за 61 отсто поголем од оној на нивните врсници без овој говорен дефект. Кај момчињата тинејџери, ризикот е поголем за 18 проценти. Студијата опфати примерок од 866.304 испитаници.
Повеќе од половина од пациентите имаат висок крвен притисок, а 85 проценти се со прекумерна тежина или дебели. Најголем дел од симптомите на почетокот на болеста не се видливи, а најчести се жед и сува уста, нагло слабеење, често мокрење, зголемен глад, замор и исцрпеност.
Околу 70 милиони луѓе во светот имаат проблеми со пелтечење, што е околу еден процент од населението. Дури пет проценти од децата минуваат низ фазата на пелтечење, која трае шест или повеќе месеци.
Сè уште не се пронајдени точните причини за поврзаноста помеѓу пелтечењето и дијабетес тип 2.