Пилот на израелското воено воздухопловство во интервју за американскиот медиум „Вор Зоун“ зборуваше за израелските авионски напади на Иран, при што изнесе некои малку познати детали.
Интервјуираниот пилот летал на авион Ф-16и. Вели дека сите задачи ги исполниле со поголема леснотија отколку што очекувале.
„Не очекувавме ваков успех. Мислевме дека ќе биде тешко да се постигне овој успех. Мислевме дека ќе се вратиме од задачата додека е Израел под напад. Ова ниво на успех е резултат на години интензивна обука, строги оперативни стандарди и култура, а тоа бара извонредност во секој момент. Тоа е она што го правиме на обуката“, вели пилотот.
Зборувајќи за неговото учество на воздушните напади на Иран, тој вели дека летал двапати во седум дена, напоменувајќи дека летал и во првиот ден од воздушната операција.
„Не истрелаа ниедна противавионска ракета кон нас во текот на целата војна. Стрелаа по дроновите, ама по пилотите на млазните авиони, ниту еднаш“, вели пилотот.
Тој додава дека очекувале Иранците да ги уништат израелските воздухопловни бази пред да се вратат од нападот. Но на нивно изненадување, тоа не се случило.
„По мое мислење, нема повеќе да летаме над Иран, оти не мислам дека Иран ќе направи што било во врска со нуклеарната програма во следните неколку години. Но, како што велиме на Блискиот Исток, ништо не е сигурно“, вели пилотот.