Израелскиот јавен обвинител нареди истрагата против Нетанјаху

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Израелскиот државен обвинител Авишаи Манделблит синоќа најави дека наредил истрага за засега неодредена афера, во која е вклучен и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.bejamin

Како што јавуваат израелските медиуми, ваквата најава следи по повеќенеделните шпекулации и гласини дека е можно да биде покрената истрага против Нетанјаху.

Властите го испитуваат Нетанјаху за перење пари

Отако добил информации за работите, кои меѓу останатото се однесуваат и на премиерот, Манделблит се состанал со претставници на полицијата и судството, по што одлучил да нареди истрага, се наведува во соопштението на израелското Министерство за правда.

– Нагласуваме дека не станува збор за кривична истрага против премиерот, нагласи Министерството.

Потпаролот на Нетанјаху изјави дека како и во сите други случаи, кога за нешто бил осомничен премиер „и од овој нема да произлезе ништо, бидејќи тука и нема ништо“.

Нетанјаху минатиот месец призна дека примил пари од францускиот тајкун Арно Мимран, кој во четвртокот беше осуден на осум години затвор поради измама од 283 милиони евра во врска со дозволата за емисија на јаглерод диоскид и данокот за неа