Израелскиот министер за одбрана: Ова е војна за нашата иднина

од Vladimir Zorba
321 прегледи

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галан денеска изјави дека израелската војна против милитантната група Хамас е „војна за нашата иднина“.

„Големата цена за непријателот е неопходен услов за нашето постоење во регионот“, рече Галан, пренесува „Тајмс оф Израел“.

За време на посетата на подземниот команден центар на израелските воздухопловни сили во Тел Авив, тој и наложи на армијата „значително да го зголеми интензитетот на нападите во Појасот Газа“ и да ги „елиминира сите цели на Хамас“.

Слични содржини