Израелскиот министер за одбрана: Војната во Газа би можела да потрае уште најмалку два месеца

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант очекува војната во Појасот Газа да продолжи со сегашниот интензитет уште најмалку два месеца.

Во интервју за американскиот информативен канал ABC News, тој истакна дека Израел ќе се бори неколку месеци во Газа со цел да изврши операции за расчистување и да ги „елиминира џебовите на терористичкиот отпор“, како што тој го опиша.

Претходно, на почетокот на операцијата „Потоп Ал Акса“ и започнувањето на израелската агресија врз Газа, Галант изјави дека овој пат војната ќе трае месец или три и дека „на крајот Хамас нема да постои“.

Тој изјави дека преговорите со Движењето на исламскиот отпор (Хамас) можат да продолжат само доколку „Хамас го спроведе основниот договор и ги врати 15-те жени и двете деца што се уште ги држи“ како заложници, без никакви предуслови или нешто за возврат.

Заменик-шефот на политичката канцеларија на Хамас, Салех ал-Ароури изјави дека „нема да има размена на заробеници до крајот на израелската агресија врз Појасот Газа и сеопфатен и конечен прекин на огнот“.

Слични содржини