Израелскиот претседател остро кон Иран: „Царството на злото потекнува од Техеран“

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Израелскиот претседател Исак Херцог на конференцијата во Давос истакнал дека постои „царство на злото“ кое потекнува од Техеран, со кое мора да се соочи многу силна коалиција и дека населението во Газа е „закопано во мрежа на терор“, пренесува „Гардијан“.

Во своето излагање Исак Херцог изјави дека се трошат милијарди долари за дестабилизација на светот и го обвини Иран дека финансира посредници низ целиот регион со цел да го поткопа секој мировен процес.

Херцог започна со тоа што им кажа на делегатите од Давос дека „светот на Израел беше срушен на 7 октомври од нападите на Хамас“.

Тој рече дека Израелците претрпеле злосторства, вклучувајќи силување, обезглавување, палење семејства. Тој го наведе примерот на Кфир Бибас, кој денеска одбележува една година во заробеништво на Хамас, откако тој, неговиот четиригодишен брат Ариел и родителите Јарден и Шири Бибас беа земени како заложници.

Херцог рече дека ги повикал оние во Давос, и навистина „целиот универзум“, да работат бескрајно за ослободување на сите заложници.

Најстариот заложник има 85 години, додаде тој.

Херцог навел дека сака подобра иднина за Палестинците, нарекувајќи ги „соседи“.

Тој утрово во Давос порача дека луѓето кои го поддржуваат Хамас поддржуваат варварски терор.

„Се грижиме, нè боли што нашите соседи толку многу страдаат“, заклучил претседателот, додавајќи дека Палестинците се „закопани во мрежа на терор“ која Израел е решен да ја отстрани.

Слични содржини