Израелските специјалци упаднаа во главната болница во јужниот дел на Газа, има мртви и ранети

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Израелските специјалци извршија рација во болницата Насер во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа, соопшти израелската војска, наведувајќи дека има веродостојни информации дека тела на израелските заложници може да се наоѓаат во објектот, пренесува „Ројтерс“.

„Ние спроведуваме прецизни операции за спасување, како што правевме во минатото, каде што нашите разузнавачки информации укажуваат дека можеби има тела на заложници“, се вели во соопштението на војската.

Војската не ги објави тие докази во јавноста. Хагари рече дека силите на израелската армија „спроведуваат прецизна и ограничена операција во болницата Насер“.

Министерството за здравство на Газа потврди дека израелските сили ја нападнале главната болница во јужниот дел на територијата. Болницата Насер беше главно отсечена од неколкунеделните борби.

Вчера илјадници раселени Палестинци кои се засолниле таму почнаа да бегаат откако Израел објави дека им отворил коридор за бегство.

Во текот на ноќта, израелски оган врз објектот уби еден пациент, а рани шест други, соопштија лекарите. Израелските сили отворија оган врз главната болница во јужниот дел на Газа рано во четвртокот при што, како што навеле лекарите убиле еден пациент, а раниле шест други, додека армијата се обидувала да евакуира илјадници раселени луѓе од медицинскиот комплекс, кој е главно отсечен од борбите.

Слични содржини