Израелското Министерство за одбрана: Од почетокот на војната во Газа добивме 200 авиони со воена помош од САД

од Radmila Tasevska
235 прегледи

Израел објави дека Соединетите Американски Држави (САД) испратиле повеќе од 10 илјади тони воена опрема на израелската армија во 200 товарни авиони од 7 октомври, кога почнаа нападите врз Појасот Газа, јавија турските медиуми.

Израелското Министерство за одбрана соопшти дека во земјата пристигнал 200-от товарен авион со воена опрема за израелската армија од САД.

Испораките, овозможени со напорите на американската мисија за снабдување поврзана со израелското Министерство за одбрана, се вели дека се „од големо значење“.

Во овој контекст, во соопштението се наведува дека „повеќе од 10 илјади тони воена опрема е испратена до израелската армија од 7 октомври, кога започна војната во Газа“, вклучувајќи оклопни возила, оружје, опрема за лична заштита, медицински материјали, муниција и повеќе.

Слични содржини