Финска е најсреќната земја во светот, шеста година по ред, според новиот извештај „Среќата во светот 2023“ кој го објавуваат Обединетите Нации, главно врз основа на оценките за животот од анкетата на „Gallup World“.
Според извештајот, по Финска следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.
Македонија е на 87-то место на листата од 137 држави.
Што се однесува до балканските земји, најдобро е рангирана Словенија (22 место), па Косово (34), Србија (45), Хрватска (48), Грција (58), Црна Гора (67), Босна и Херцеговина (71), Бугарија (77) и Албанија (83).
Извештајот, кој се занимаваше и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.