Според најновиот извешатја за реформскиот напредок на Северна Македонија кон ЕУ слаба точка во спроведување на останува реформата на јавната администрација.
![]()
Во овој дел Северна Македонија се оценува како “умерено подготвена“. Принципите на транспарентност, заслуга и еднаква застапеност остануваат суштински, порачува ЕК. Се поздравува работата на Комисијата за спречување на корупцијата, и се очекува соодветен исход од извештаите и препораките на оваа Комисија.
Правосудството, како темелен дел од евроинтегративниот процес, треба да продолжи да се подобрува, но се нотира “добар прогрес“ во имплементирањето на реформската стратегија за судството.
ЕК бара дополнителен напор за да се обезбеди систематско спроведување на ревидираниот акциски план на судската стратегија. Се поздравува работата на Судскиот Совет, кој задачите ги врши на проактивен начин, додека механизмите за обезбедување независност на судството, отчетност, дисциплинските процедури и спречувањето на конфликтите на интереси се подобрени.
Не се заобиколува ниту Јавното обвинителство (ЈО) и последиците од дебаклот на Специјалното јавно обвинителство, и пресудата против Катица Јанева.
Законот за ЈО има, меѓу другото, задача да осигури одржливо решавање на предметите кои произлегуваат од нелегалните прислушувања.
Борбата против корупцијата, исто така темелен дел од процесот на интеграција во ЕУ, бележи добар напредок во делот на истрага, гонење и судење на високопрофилни корупциски предмети, а посебно се поздравува работата на Комисијата за спречување на корупцијата и нејзината проактивна улога во оваа област.
-Корупцијата е сеприсутна во многу области и треба да се обезбеди попроактивен пристап од сите чинители инволвирани во спречувањето и борбата против корупцијата, гласи извештајот.
Иако Северна Македонија располага законска рамка во согласност со ЕУ стандардите во делот на заштитата на фундаменталните права, голема слабост во овој момент е што земјата нема сеопфатен закон за антидискриминација откако овој закон беше поништен од страна на Уставниот суд врз основа на процедурални грешки.
ЕК смета дека ова претставува “сериозен недостаток“ кој мора да биде коригиран од страна на новиот состав.
Слабост на Северна Македонија е и спроведувањето на законодавството за спречување на говор на омраза.
Се критикува и фактот што нема вистински независни истражители за вршење на ефикасен надзор врз работата на полицијата кој ќе овозможи ефикасно справување со феноменот на неказнивост во полицијата. Потребни се исто така итни мерки за подобрување на состојбата во затворите и изнаоѓање алтернативни решенија за притвор и затвор.
Европската Комисија бележи умерен напредок во делот на слободата на медиумите, но истакнува дека се зголемени тензиите за време на кризата со Ковид-19 и за време на изборната кампања.
-Напорите за саморегулација треба да бидат интензивирани за да се унапредат професионалните стандарди и квалитетот на новинарството, стои во извештајот.
Поголема транспарентност е потребна во делот на државното, јавното и партиското рекламирање во медиумите, а се очекува одржливо решение за независноста, професионалните стандарди и финансиската одржливост на Македонската радио телевизија.
-Суштински е да се продолжи да се поддржува медиумскиот плурализам, промовирање на професионализмот, објективното известување, истражувачкото новинарство како и градењето отпорност за борба против дезинформациите, стои во извештајот на ЕК.
Комисијата нагласува дека земјата треба да продолжи да ги негува добрососедските односи со Грција и Бугарија и да ги спроведува билатералните договори