Извештајот за мостот „Беласица“ би требало да биде готов следната недела

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Извештајот за мостот „Беласица“ би требало да биде готов следната недела. Во врска со отстранувањето на цевките, било што и да се прави понатака тие мора да се извадат, изјави за МИА, Михаил Гаревски, од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени.

Пред еден месец, Гаревски изјави дека експертизата не би смеело да биде повеќе од 20 дена и таа ќе покаже дали треба санација и каква.

– Во интерес на граѓаните и градот јас велам дека било што и да се прави понатака дали санација, експертизата покажува дека санацијата ќе биде само освежување, мора да се извадат цевките, не може без вадење на цевките. Дури, паралелно може да се направи вадење и санација да би можело што побрзо да се оди на пробно товарање, рече тој.

Според него, „топката“ како што посочи, е кај Топлификација, таа, како што вели, за кој било тип на санација мора да ги извади цевките.

Слични содржини