„Извини Низама, сите потфрливме“: Потресна порака на денот на погребот на убиената жена во Градачац

од Nikola Popovski
539 прегледи

Емир Џиновиќ, сопственикот на теретаната во која Нермин Сулејмановиќ редовоно доаѓал, се огласи на Инстаграм на денот на погребот на Низама Хеќимановиќ.

Се обидов, дадов се од себе, си го ризикував животот, но ангелчето беше спасено. Низама, мило ми е што те познавав, засекогаш ќе ја паметам твојата насмевка, твојот глас ќе ми одекнува во главата. Извини Низама, сите потфрливме. Алах да те однесе во џенет, жено, кралице, напишал Џиновиќ.

Џиновиќ претходно објави дека во локва крв го нашол бебето на Низама и Нермин. Потсетуваме дека денеска е Ден на жалост во кантонот Тузла и Брчко.

Нермин Сулејмановиќ во петокот прво ја претепа, па ја усмрти Низама, а потоа уште две лица. На крај изврши самоубиство. Убиството на својата невенчната сопруга Сулејмановиќ го објави во живо на неговиот профил на Инстаграм.

Слични содржини