Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека фудбалерот на тој клуб Златан Ибрахимовиќ им се извинил на своите соиграчи откако бил исклучен од натпреварот против Интер во Купот на Италија.
Ибрахимовиќ беше исклучен во 58-та минута од четвртфиналниот натпревар одигран во вторникот вечерта, а во центарот на вниманието беше неговата кавга со Ромелу Лукаку.
„Златан се извини. Како голем шампион, како што е“, изјави Пиоли за италијанските медиуми, а потоа самиот Ибрахимовиќ објави на социјалните мрежи:
„Нема место за расизам во светот на Златан. Сите сме од иста раса, сите сме еднакви! Сите сме фудбалери, некои подобри од другите“, напиша Ибрахимовиќ.
In ZLATAN’s world there is no place for RACISM.
We are all the same race – we are all equal !!
We are all PLAYERS some better then others.https://t.co/DhguHUOFte— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) January 27, 2021
Како што синоќа беше објавено, Ибрахимовиќ му рекол на Лукаку да оди и да се занимава со вуду магија.
Според италијанските медиуми, Златан Ибрахимовиќ користел цитат од косопственикот на Евертон, кој во 2018 година изјави дека Ромелу Лукаку одбил да ја продолжи соработката заради пораката од вуду магијата.
„Му понудивме подобар договор од Челси, но тој не го прифати. Сè беше решено сè додека не добивме информација дека некаде во Африка, неговата мајка преку вуду магија добила информација дека е најдобро нејзиниот син да оди во Челси“, изјави Мошири во јануари 2018 година.