306
Добитникот на главната награда од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“ во износ од 3.000.000 денари е штипјанецот Дејан Петков.
По извлекувањето, тој беше контактиран по телефон, на бројот што го оставил при регистрацијата и откри дека е роден во Штип, живее во Виница, а во моментот е во Бугарија и „на сигурно“ поради коронавирусот.
Во извлекувањето учествуваа сите фискални сметки скенирани од 15 декември, минатата година, до 15 март годинава или 41. 355. 591 фискални сметки.