350
Големиот товарен брод кој утринава се заглави во Суецкиот канал и го блокираше каналот, успешно бил извлечен, објави бродскиот агент Leth Agencies.
Таа компанија навела дека станува збор за бродот Sin Hai Tong, долг 190 метри, кој се користи за пренос на масивен товар, пренесе „Ројтерс“.
Компанијата Leth Agencies претходно, во времето кога бродот беше заглавен во Суецкиот канал, изрази загриженост за нарушување на глобалната трговија во еден од најпрометните канали во светот.
Властите на Суецкиот канал не го коментираа инцидентот веднаш. Зад заглавениот брод била создадена колона од четири бродови, наведува британската агенција.
Бродот тргна од пристаништето Дуба во Саудиска Арабија.