Извлечени двајца браќа кои беа девет дена под урнатините во Турција

од Radmila Tasevska
141 прегледи

Светот со солзи во очите гледаше како утрово се случува вистинско чудо во Турција, каде по 198 часа од урнатините во Кахраманмарас беа извлечени двајца браќа.

Мухамед Енес (17) и неговиот брат Абдулбаки (20) девет дена чекале помош.

Тие утрово конечно беа извлечени од урнатините и според првичните информации се во добра состојба.

Да потсетиме дека два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала ја потресоа Турција на 6 февруари и однесоа повеќе од 35.000 животи во таа земја и соседна Сирија.

Спасувачките тимови од повеќе од 70 земји се во Турција, кои работат дење и ноќе за да најдат преживеани.

Со оглед на тоа што поминаа повеќе од седум дена од разорните земјотреси, секое извлекување од урнатините се смета за чудо.

Слични содржини