457
Извлечени првите 15 добитници на 100 000 денари од наградната игра Мој ДДВ, #МојаНаграда!, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Шест од наградите ги добија граѓани од Скопје, по две добија граѓани на Велес и Штип и по една парична награда заврши во Кавадарци, Кочани, Битола, Велес, Вевчани и Крива Паланка.
“Се надевам дека овие среќни празнични денови ќе бидат уште посреќни за петнаесетте добитници. Благодарност до сите кои придонесувате во заедничката борба со сивата економија.
Честитки на добитниците, а на сите останати ви посакувам многу среќа во некое од следните извлекувања”, додаде министерката.