Вчера било пронајдено безживотно тело во водите на реката Вардар кај велешкото село Уланци, информираа од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес.
На 30 ноември 2025 година, околу 14:30 часот, случајни минувачи забележале безживотно тело во реката Вардар, во близина на селото Уланци, општина Градско. Веднаш била известена Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, која интервенирала со едно возило и двајца пожарникари-спасители за извлекување на телото од водата.
Издадена е наредба за обдукција за утврдување на причините за смртта и утврдување на идентитетот на пронајденото безживотно тело.